ЈЛБ„Илинден“- Делчево се приклучи кон одбележувањето на мегународниот ден на Ромите

ЈЛБ„Илинден“-Делчево се приклучува на одбележувањето на 8 април, денот посветен на историјата и културата на Ромите, датум кој се одбележува низ целиот свет.

По тој повод, ЈЛБ„Илинден“-Делчево, ја избра и награди Мелиса Ахмедова за најредовен читател од ромската заедница.Таа е средношколка во делчевската гимназија и е наш голем читател.Честитки до Мелиса, посакуваме и понатаму да биде наш редовен читател. ЈЛБ„Илинден“ има и други читатели Роми, и искрено посакуваме , во иднина да ги има во се поголем број.

Иако има малку книги на ромски јазик , ние како библиотека сме горди што имаме збирка поезија на ромски јазик и тоа од наш роднокраен автор, Сабри Демиров.Покрај тоа библиотеката располага и со повеќе примероци на Македонско-ромски речник и Граматика на современиот ромски јазик.Речникот и граматиката , библиотеката ги доби како подарок од Општина Делчево.

Од име на ЈЛБ„Илинден“ на сите Роми им го честитаме денешниот ден, и како библиотека посакуваме веќе од утре да имаме повеќе книги напишани на ромски јазик и многу поголем број на автори кои творат и создаваат на ромски јазик.