Промоција на книгата „Номатски бакнежи“

Роднокрајото одделение е побогато за уште едно дело „Номатски бакнежи“ на нашата млада и талентирана поетеса Николинка Митрева.

„Поетесата Николинка Митрева е една помеѓу најнадежните и ретките која во последно време,веднаш по самото навлегување на почетокот од најраната младост, поточно од почетокот на полнолетството, навлегува смело и енергично,како сосема зрела личност во љубовните петеки, наречени “Номатски бакнежи“составени од 7 поглавја.

Живо, сентиментално,емоционално, интелектуално, опишано со огромна љубов и занес…Тоа ќе го почувствувате во секој нејзин напишан стих.

Како библиотека не радува тоа што имаме наши деца ,наши млади кои се премногу и талентирани и амбициозни, кои сакаат да творат и оставаат дела зад себе.Николинка е една од нив.Нејзината книга веќе е на полиците на нашата библиотека и достапна до сите наши читатели.

Николинка е родена 1995 г. Студира на ПМФ-медицинска физика. Живее во Дечево.Од име на ЈЛБ„Илинден“ на Николинка и посакувам многу успеси и уште многу нови дела и нови промоции.