Општински натпревар „Млади Библиотекари“

На 18.04.2022година се одржа  општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ во организација на ЈЛБ„Илинден“-Делчево. На натпреварот учествуваат ученици од двете основни училишта во градот, тестот се решаваше 60 минути а учениците одговараа на 20 прашања.

Со најмногу бодови е Антонела Николовска од ООУ„Ванчо Прќе“, ментор Габриела Димитровска  и таа ќе ја претставува нашата библиотека на државниот натпреват „Млади библиотекари“, кој е во организација на Библиотекарското здружение на Македонија.Годинава државниот натпревар ќе се одржи по 21 пат на 20 мај во НУУБ„Григор Прлочев“ во Охрид.

На сите учесници во натпреварот им благодариме од срце, а на Антонела Николовска и посакуваме многу успех во Охрид.