Промоција на книгата„Мојот живот минато мило“

ЈЛБ„Илинден“-Делчево, ја промовираше книгата книгата „Мојот живот минато мило“ од авторот  Ванчо Тркалевски.Книгата  содржи мемоари од животот на Јован Гаврил Величковски по потекло од Митрашинци,навидум не познато име за историјата на македонскиот народ, но големо е неговото дело и придонес во созадвањето на истата.Уште како дете , не по своја волја, бил земен од дома да служи во туѓа војска.Да биде далеку од дома и да биде доведен во ситуација да се бори  против својот народ.Бега од бугарската војска, поминува низ голгота  со својот живот во војната,рануван изложувам на опасности, но сепак гордо и цврсто продолжувал напред во ослободувањето на Македонија.

Неговиот внук Ванчо Тркалевски го собира целиот негов живот во „Мојот живот минато мило“

Како ЈЛБ„Илинден“ навистина ми е многу мило што ќе имаме уште едно дело од наш роднокраен автор, кое ќе сведочи за борбата, пожртвуваноста и желбата на луѓето од нашиот крај да ја видат   Македонија слободна.  Навистина е многу вредно и за нас како библиотека и за нашите читатели, и за сите нас, кога имаме на едно место во едно дело соберено многу податоци , факти и  сведошвта  за некое минато време кои ќе останат да сведочат за борбата на нашиот народ за слободата на нашата земја.Или како што вели самиот автор во книгата, историјата на неговиот дедо, неговиот живот нека ни биде пример и нека сведочи за тоа кои сме, што сме и каков јазик зборуваме ние во Македонија.

Навистина ни е чест и задоволство што на промоцијата беше и главниот лик во книгата, дедо Јован, кој пократ тоа што доживеал и преживеал многу нешта во неговиот живот, еве, ја дочека и промоцијата на книгата која зборува за него и за неговиот живот.7

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *