Нова донација на книги во клонот М.Каменица

Нова донација на книги за клонот на ЈЛБ„Илинден“ во Каменица „К.П.Мисирков“.Овој пат клонот добива книги од Фондација рудникот „Саса“.

Знаеме дека Фондација рудникот „Саса“, е општествено одговорна фирма, многу пати покажале дека се хумани, дека сакаат да донираат и помагаат, и мило ни е што одгворија позитивно на нашето барање и денес донираа книги на библиотеката.

Им благодариме од срце.Знаеме дека со секоја подарена книга тие подарија радост и среќа на сите каменчани кои ја сакаат книгата, сакаат да читаат и го сакаат убавиот пишан збор.

Да се надеваме дека со оваа донација на книги , ќе се зголеми бројот на членови во клонот во Каменица и дека посетеноста на библиотеката ќе биде поголема.

ЈЛБ„Илинден“ -Делчево им се заблагодарува на Фондација -рудник „Саса“, посебно на манаџерскиот тим на “Саса” кој ги донесе книгите во библиотеката, се надеваме и на понатамошна сорабoтка. Да продолжиме да подаруваме, да си помагаме , и да не заборавиме дека со добри дела, светот е подобар.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *