Month: April 2021

23 Април – Ден на книгата

Традиционално и годинава на 23 април,светскиот ден на книгата и авторското право,ЈЛБ”Илинден”, избира читател на годината.И годинава се одлучивме за тројца наши членови на различна возраст.Тоа се: Кристијан Стојковски,Валентина Брндевска и Ефтим Николов.Честитки до сите нив,се надеваме дека и понатаму ќе бидат наши редовни читатели.

Стела

Најновата активност на граѓанската организација „Стела“ е „Сподели авторка“ каде донираат книги на македонски, албански и англиски јазик во библиотеки низ земјата, со цел да се зголеми читањето на литература напишана од жени. Навистина ми е многу мило што ЈЛБ„Илинден“ е една од библиотеките каде „Стела“ ќе донира 30 книги.Им благодариме и се надеваме на …

Стела Read More »

2-ри Април ден на Литературата за Децата

Дали се сеќавате која книга ви била омилена кога сте биле дете?Дали сеуште се сеќавате на убавите сликовници од вашето детство? Денеска е вистински ден да се потсетиме на книгите од нашето детство, да купиме или изнајмиме книга за нашите најмали.Денес се одбележува светскиот ден на литературата за деца .А да се твори за децата …

2-ри Април ден на Литературата за Децата Read More »

Саем на книга (23-ти Април)

По повод 23 април,светскиот ден на книгата, ЈЛБ„Илинден“,организира мини саем на книги кој ќе трае до крајот на месец април.Три издавачки куќи се дел од саемот,„Антолог“ и „Арс Ламина“ кои во оследните 3 години   не биле дел од саемите на книга што ги организира библиотеката и „Просветно дело“ кои се на барање на нашите читателки, …

Саем на книга (23-ти Април) Read More »

Подарувам Книга

ЈЛБ”Илинден” се приклучи на акцијата “Подарувам книга” што ја организира ООУ”Св.Климент Охридски”. Оваа акција е за пофалба затоа што дома сите имаме стари книги на кои се трупа прашина и ни зафаќаат простор,а донирани во училиштето, ќе се чуваат во соодветни услови и ќе бидат искористени на најдобар начин, односно ќе се читаат.