Одбележан денот на Ромите
По повод 8 Април – меѓународниот ден на Ромите, ЈЛБ„Илинден“ – Делчево со особена чест го одбележа овој ден посветен на културата, традицијата и придонесот на ромската заедница. Библиотеката традиционално додели награди на тројца читатели од ромската заедница,најдобрите ученици Роми во нашите училишта, како симбол на почит и поттик за љубовта кон книгите и знаењето. …
