По повод 8 Април – меѓународниот ден на Ромите, ЈЛБ„Илинден“ – Делчево со особена чест го одбележа овој ден посветен на културата, традицијата и придонесот на ромската заедница.
Библиотеката традиционално додели награди на тројца читатели од ромската заедница,најдобрите ученици Роми во нашите училишта, како симбол на почит и поттик за љубовта кон книгите и знаењето.
Наградени се: Невзет Рамадани, Јасен Демиров и Хулејда Мемедова
Со оваа активност сакаме да ја истакнеме важноста на читањето како мост што ги поврзува луѓето, културите и генерациите. Продолжуваме да ја негуваме различноста, еднаквоста и културното богатство.
ЈЛБ„Илинден“ упатува и благодарност до Ален Зекировски, наставник во училиштето во Тработивиште, за досегашната соработка.



