Изложба на фотографии „Делчево од високо“

ЈЛБ„Илинден“-Делчево секогаш ги поддржувала и ќе ги поддржи сите талентирани, способни и креативни наши сограѓани кои нешто создаваат, творат, оставаат нешто зад нив , а сето тоа не е доволно промовирано и видливо.

Бобан Фелло Стоименовски е наш сограѓанин кој живее и работи во Англија.Создава прекрасни фотографии, меѓу кои има и прекрасни фотографии од нашето Делчево.Тоа е една од причините зошто ја правиме оваа изложба, затоа што овие слики од нашиот град заслужуваат да бидат изложени и видени.

Друга причина е тоа што пролетта библиотеката имаше трибина на тема авторско право,на која зборувавме за тоа како можеме или не можеме да се заштитиме ние и тоа што го создаваме.Во исто време Бобан сподели на својот фб профил прекрасни фотографии од Делчево кои за кратко време ги споделија многу луѓе ама малку од нив напишаа дека сликите се на Бобан.Не е потребно никаково ни право ни закон, доволно е да имаме култура и почит кон личноста која нешто создава, па кога ние ќе го споделиме тоа, треба да го напишаме името и презеимето на личноста од која споделуваме.Секаде низ светот тоа е многу нормално и нешто за кое не се размислува и не се расправа. Преку оваа изложба сакаме да потенцираме и да апелираме до сите, доколку споделуваме фотографија, видео, текст било што , мораме и да напишеме кој ја направил фотографијата , видеото или текстот.

Во ходникот на библиотеката утрово се изложени 17 фотографии од Делчево, сите уникатни, прекрасни, посебни.Сите кои ќе дојдат во библиотеката ќе имаат можност да ги разгледаат. Со оваа изложба исто така покажавме дека кога нешто се сака , се може и далечината не е никаква пречка. Му благодариме на Бобан за соработката и ги покануваме сите наши сограѓани да ги разгледаат фотографиите кои остануваат во трајно користење на библиотеката и ќе ги красат нејзините ѕидови.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *