Првачињата од ООУ „Ванчо Прке“ во библиотеката ја обработија сликовницата Трите Прасиња

Првооделенците од основните училишта овие денови со своите наставнички обработуваат сликовница, како дел од наставната програма.Со оглед на тоа што библиотеката има голем број на сликовници, денеска во посета на ЈЛБ„Илинден“, беа првачињата од ООУ„Ванчо Прке“.Во читалната заедно ја обработивме сликовницата „Трите Прасиња“Ја читавме сликовницата, потоа си пставувавме и одговаравме на прашања.Беше многу интересно, радознало и весело.

Учениците потоа изложуваа слики од трите прасиња кои ги испечати и одбра библиотеката, правејки на тој начин една голема сликовница .

Како подарок од библиотеката, сите ученици добија листови со слика од трите прасиња која слика, учениците треба да ја обојат на час во училиштето.

Навистина е убаво кога сите заедно и се дружиме и раскажуваме, боиме, учиме и се забавуваме.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *