Цртежот е еден вид огледало на детскиот развој. Цртежот е одраз на детското доживување и сфаќање, тој им помага на возрасните во разбирањето на детето. Многу честа појава се боенките.Кога детето бои во исто време фантазира, размислува и осмислува, учи, создава.
Денес во читалната на ЈЛБ„Илинден“,дечињата од второ одделение при ООУ„Св.Климент Охридски“ со своите боички боеја и создадоа убави слики, кои подоцна беа изложени.
И денешната посета на децата на нашата библиотека беше поттик и мотивација, децата уште од најрана возраст да стекнат навика да посетуваат библиотека, да ги сакаат книгите и да сакаат да читаат.
Тоа што библиотеката е секогаш поубава кога се слуша детски џагор и насмевки е друга приказна, која секогаш со радост ја раскажуваме.