„Грдото Пајче“ обработена во библиотеката со првачињата од ООУ „СВ. Климент Охридски“

Со измешани емоции, жал за грдото пајче и радост што се претвори во прекрасен лебед и со многу возбуда, радост и внимание, денеска во читалната на библиотеката првачињата од ООУ„Св.Кломент Охридски“ ја обработија сликовницата „Грдото пајче“.

„Грдото пајче“ ја читавме, потоа поставувавме прашања и дававме навистина убави и интересни одговори.Потоа и првачињата од ООУ„Св.Климент Охридски“ направија голема сликовница лепејки слики од грдото пајче. На крај како подарок од библиотеката добија листови со слики од оваа сликовница кои треба да ги обојат во училиштето.

И овој работен ден ни почна радосно, весело и со многу насмевки и радост.

Дечиња, до следното видување ,Довидување!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *