ЈЛБ„Илинден’ го одбележа меѓународниот ден на мажите

Иако не е ниту малку популарен како денот на жените, Меѓународниот ден на мажите според интернет енциклопедијата „Wikipedia“, е годишен меѓународен настан кој се слави на 19 ноември, а инаугуриран е во 1999 година во Тринидад и Тобаго.

По тој повод ЈЛБ„Илинден“-Делчево денес на првите 4 припадници на посилниот пол,наши членови, кои ја посетија библиотеката им подари книга, честитајки им го меѓународниот ден на мажите.Тоа се: Давид Михајловски, Виктор Колевски, Мијалчо Илиевски и Сашко Јовановски.

Бројот на наши членови мажи и понатаму е многу помал за разлика од жените, но искрено се надеваме и посакуваме во иднина и бројот на мажи читатели да биде поголем.

Целите на одбележувањето на Меѓународниот ден на мажите вклучуваат фокусирање на здравјето на мажите и момчињата, подобрување на половите односи, промовирање на родовата еднаквост и истакнување на позитивните модели на мажи.

Тоа е можност да се истакне дискриминацијата на мажите и момчињата и да се слават нивните достигнувања и придонеси, особено за нивниот придонес кон заедницата, семејството, бракот и грижата за децата.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *