Одбележан меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

„Подај им рака и биди им другар“ тоа е мотото под кое ЈЛБ„Илинден“-Делчево по повод 3 -ти декември, меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, на децата од ООУ„Ванчо Прке“ кои се влкучени во редовна настава преку процес на инклузија, им подари сликовници и книги.Подарок книга добија и децата кои се вклучени во редовна настава преку процес на инклузија, како и на децата со пречки во развојот од ООУ„Св.Климент Охридски“ кои наставата ја следат во посебна паралелка.

Само заедно можеме да поместиме планини. Заради сите тие деца со посеби потреби, да го гледаме светот со други очи и да ја бараме среќата во мали нешта.Сите сме исти.Да научиме дека не сакаме да ги промениме децата, но подготвени сме да го промениме светот за нив.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *