„ЗАШТИТА НА АВТОРСКИТЕ ДЕЛА НА ИНТЕРНЕТ И ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА АВТОРСКОТО ПРАВО ВО ВРЕМЕ НА ЗАБРЗАНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И МОДЕРНИТЕ ТЕХНОЛОГИИ“ беше темата на предавањето кое денеска се одржа во читалната на ЈЛБ„Илинден“, а во организација на библиотеката и КЕМ при општина Делчево.
Предавач беше нашата сограѓанка , магистер по авторско право Катерина Антовска.
На предавањето покрај другите, присуствуваа и ученици од СОУ„М.М.Брицо“ затоа што младите се тие кои најчесто се на социјалните мрежи.Ова беше уште едно прекрасно предавање на кое имаше што да се слушне а се разви и добра дебата и квалитени прашања на присутните.