Училиштата во градот како новогодишен подарок од библиотеката добија лектири и сликовници

Свети Климент е закрилник и патрон на македонскиот народ низ целата негова историја. Тој е патрон на Македонската Православна Црква.Св.Климент Охридски е најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј. Живеел во втората половина на IX век и првата четвртина на X век. Со своите уши тој ги слушал нивните божествени евангелски зборови и со своите очи ги гледал нивните богоозарени ликови и евангелски дела.

Во пресрет на чествувањето на Св.Климент Охридски, ЈЛБ„Илинден“-Делчево на двете основни училишта во градот им подари лектири и сликовници.Традиционално секоја година пред Нова година, библиотеката како новогодишен подарок на училиштата им подарува лектири.Оваа година одлучивме тоа да биде на „Св.Климент Охридски“, затоа што токлу Св.Климент Охридски, покрај другото, развил и богата книжевна дејност, педагошка дејност, особено учителско-просветителска дејност.

Работна етика,дарување,соработка,емоции и радост,обично ни доаѓаат пред и за новогодишните празници.Нека траат цела нова година.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *