ЈЛБ„Илинден“ го одбележа меѓународниот ден на жената

Месец март е убав по многу работи… Една од нив е и Интернационалниот ден на жената, 8 – ми март, кога дополнително ја славиме убавината и автентичноста на жените.

Иако клише, но повеќе од точно е дека тоа треба да се случува секој ден, сепак, постои еден ден кој е целосно посветен на сите исклучителни постигнувања на жените и нивната важност во општеството.

ЈЛБ„Илинден“ по повод денот на жената и годинава избра и подари цвет и книга на 5 наши редовни читателки на различна возраст.

Љубинка Петровска, Светлана Стоименовска, Марија Зафировска, Афродита Тасева и Сара Тодоровска, денес беа наши гости.Разговаравме за тоа дека не треба само еден ден во годината да се посветува внимание на жената но и за убавината на 8- ми март и дека ваков ден треба да постои.

Бројот на наши членови жени и понатаму е многу поголем од бројот на наши членови мажи, но да се надевме дека во блиска иднина тоа ќе се промени.

Ако зборуваме пак за рамноправноста ќе потсетиме на еден цитат на Мерлин Монро:„Жените кои бараат да бидат рамноправни со мажите имаат недостаток на амбиција.“ Има вистина во ова нели?

Честит 8- март, меѓународниот ден на жената!

Жени да не заборавиме, едно нешто што сите треба да го научиме е дека никој не дава моќ.Едноставно ја земате.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *