ЈЛБ„Илинден“-Делчево го одбележа светскиот ден на поезијата 21 март и тоа на еден навистина убав начин, промовирајки поезија.
Во читалната на библиотеката беа промовирани 6 збирки поезија и еден роман на авторката Јасмина Јошевска.„Долина на солзите“, „Клавирот на животот“, „На врв и на дно“, „Димензионално послание“, „Од до“, „Од чешмата на времето“ и последен не поезија туку проза, романот „Остани“ се наслови кои ги промовиравме денес и веќе се достапни до сите наши читатели.
Јасмина Јошевска е поетски глас кој припага на поновата македонска поетска генерација, која се наметнува со стаж и автентичен поетски израз.Книгите на Јасмина се драгоцени и ретки бидејки смирено го менуваат нашиот мисловен и емотивен пулс.
Од име на ЈЛБ„Илинден“, на автората и посакуваме уште многу нови дела. многу нови напишани редови и стихови и уште многу нови промоции.
На промоцијата стихови од книгите читаше Антонела Николовска ученичка во ООУ„Ванчо Прке“.
Да живее поезијата и да продолжиме да ги поддржуваме и промовираме нашите македонски автори.