Одбележан светскиот ден на книгата и авторското право

Годинава Јавната локална библиотека „Илинден“ Светскиот ден на книгата и авторското право денес го одбележува заедно со школската библиотеката на ООУ „Ванчо Прке“.

-Учениците од училиштето по тој повод ќе читаат мудри изреки посветени на книгата. Библиотеката пак, на училиштето ќе му подари книги кои ќе бидат на располагање на учениците.

Традиционално по повод светскиот ден на книгата и авторското право,ЈЛБ„Илинден“ избира читател на годината. И овој пат избравме тројца наши читатели на различна возраст. Тоа се: Жаклина Николовска Ружинска,Деана Китановска и од најмалите тоа е Јоана Гиздовска.

Честитки до сите, посакуваме и понатаму да бидат наши редовни читатели.

Хорхе Луис Борхес рекол:„ Отсекогаш замислував дека рајот би изгледал како библиотека“.Книгите се уникатна пренослива магија.

Нека е честит светскиот ден на книгата!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *