Велигденска изложба 2023

ЈЛБ„Илинден“-Делчево учествуваше на Велигденската изложба на творби 2023 .Библиотеката по трет пат зема учество во оваа навистина убава манифестација во чест на еден од најголемите христијански празници Велигден.

Покрај штандот кој беше навистина шарен и убав, библиотеката во оваа манифестација учествуваше и со драма на тема „Велигден“, која беше во организација на учениците од ООУ„Св.Климент Охридски“ и наставник Верица Боинска и ЈЛБ„Илинден“.

Сите творби и креации кои библиотеката ги изложи на штандот беа во рекордно време распродадени, а средствата од продажбата ќе бидат наменети во хуманитарни цели.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *