Убаво е кога читаш и се воодушевуваш од фактот што Делчево има прекрасни деца , наши ученици кои творат и создаваат убави дела, творби…
Сите творби кои ни пристигнаа по повод наградниот литературен конкурс на тема„Бисерот од школката на Кирил и Методиј“, во чест на нашите просветители, се навистина прекрасни.Тоа значи дека комисијата за избор имаше навистина тешка задача.
Конкурсот беше во организација на библиотеките при ООУ„Ванчо Прке“ и ООУ„Св.Климент Охридски“,право на учество имаа ученици од двете основни училишта во градот од петто до деветто одделение и можеа да творат и поезија и проза.
Комисијата за избор во состав : Валентина Даневска, наставник-библиотекар во ООУ„Св.Климент Охридски“, Габриела Димитровска, наставник- библиотекар во ООУ„Ванчо Прке“ и Даниела Георгиевска,библиотекар во ЈЛБ„Илинден“-Делчево за најдобри ги избра:
– Од ООУ„Ванчо Прке“ најдобра творба поезија е на Николче Петровски.
– Од ООУ„Св.Климент Охридски“ најдобра творба поезија е на Калин Стефановски.
Од проза пак, најдобра творба од
ООУ„Ванчо Прке“ е на Антонела Николовск.а
Од ООУ„Св.Климент Охридски“ е творбата на Калин Стефановски.
Честитки до сите, посакуваме и понатаму да продолжат да творат и да го негуваат убавиот пишан збор.