Втор ден од работилницата„Лето во ЈЛБ Илинден“

ЈЛБ„Илинден“-Делчево, за вториот ден од работилницата „Лето во ЈЛБ Илинден“, одлучи дечињата да сложуваат сложувалки.Тоа се сложувалки за деца, без разлика на која возраст се, и не би требало да им претставува никаков проблем, туку да се забавуваат.

На денешната работилница присуствуваа дечиња на различна возраст.Секоја направена сложувалка останува како подарок за дечињата.

Ако уште од мала возраст децата се занимаваат со сложувалки, тоа го стимулира развојот на нивниот мозок и им помага да ги развијат когнитивните вештини.А меѓу другото тие се и многу забавни што го прави учењето пожелно, брзо и пријатно.Помагаат да се подобри координацијата рака-око, фините моторни вештини, да се развие меморијата и способноста за решавање проблеми.Распоредот на мали парчиња му помнага на детето да ја развие способноста да го поврзува она што го гледа со она што го допира, фаќа и ракува предмети според видот.Ова е клучна вештина и му помага на детето во многу важни активности, како што се прибор за јадење, цртање, фрлање и фаќање.

Сложувалките помагаат за развој на фината моторика-малите движења на мускулите на рацете кои се потребни за совладување на различни задачи, како што се пишување со рака, користење на ножици,патенти и копчиња, врзување врвки на чевли и др.

За ЈЛБ„Илинден“, децата секогаш ќе бидат приоритет.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *