Изложба на монографии посветени на селата од делчевско

Скоро сите влечеме корени од некое село,нашите родители, нашите баби и дедовци, прабаби и прадедовци. Општина Делчево има убави села, некои испразнети, некои одамна со затворени врати, урнати ѕидови, искршени прозорци и по некој знак дека некогаш во овие куќи имало живот.

Колку знаеме за селото од кое потекнуваме или колку воопшто знаеме за нашите села?

ЈЛБ„Илинден“ нема голем број на книги(монографии) за нашите села. Со тоа што денеска библиотеката ги изложува насловите што расакажуваат на нашите села само сакаме да иницираме понатамошни истражувања и проучувања на минатото, сегашноста и иднината на нашите села.

Библиотеката има шест дела од наши роднокрајни автори, кои пишуваат за селата Разловци, Вратиславца, Очипала, Киселица, Драмче и Панчарево.Сите тие книги ретко се изнајмуваат, токму затоа од денес по еден примерок од нив ќе биде изложен во холот на библиотеката и сите наши читатели кои доаѓаат во библиотеката ќе можат да се запознаат со нив и да ги разгледаат.

Инаку, Над 420 населени места во Северна Македонија имаат изгубено повеќе од половина од своето население последниве дваесет години покажуваат новите податоци од Пописот 2021.

Статистичарите регистрирале вкупно 1.781 населени места, од кои 205 немаат ниту еден жител. 684 населени места имаат помалку од 100 жители, додека 218 населени места имаат под 10 жители.

Ги покануваме сите наши читатели кога ќе ја посетат нашата библиотека да потрошат минута време и да прочитаа дел од изложените наслови, навистина има што да се прочита, дознае , научи.

Се надеваме и посакуваме бројот на монографии за нашите села во иднина да биде зголемен.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *