13 ноември – Ден на љубезноста и добрината.
Еден од најубавите денови во ноември е токлу светскиот ден на љубезноста и добрината.Денес, насмевнете се, подарете некому топол поглед, убав збор, подадете рака…Ден кој треба да не поттикне и научи дека само човечноста може да го промени овој свет на подобро.
Денот на љубезноста и добрината, ЈЛБ„Илинден“-Делчево, го одбележува на еден навистина убав начин.Во посета за прв пат во изминатите 7 години ни беа дечињата од подрачното училиште на ООУ„Св.Климент Охридски“ од село Стамер и село Вирче.
Навистина убава дружба полна добрина со љубезни и мили дечиња кои денес имаа можност да ја разгледаат библиотеката, да се запознаат со тоа како работи библиотеката. Имаа можност да го разгледаат и нашето мало детско катче да видат со каква детска литература располага библиотеката.
Сите дечиња кои учат во училиштето во Стамер и Вирче од библиотеката добија бесплатен членски број и искрено посакуваме и очекуваме да бидат наши членови.
Во чест на добрината и љубезноста, пеевме, рецитиравме, читавме , подарувавме… Дечиња ви благодариме за радоста и убавите моменти кои ги донесовте и ни ги подаривте денес.Благодарност и до наставниците Ана Стојчевска, Гордана Никовска и Николчо Ситновски кои ги организираа и ги донесоа дечињата во библиотеката.
Да шириме добрина и да бидете љубезни не само денес, туку секој ден!