ЈЛБ„Илинден“-Делчево со благодарници до сите граѓани кои минатата година донираа стари книги

Вкупно девет граѓани, наши иселеници, дел од Скопје но и наши сограѓани, минатава година донираа стари книги во ЈЛБ„Илинден“-Делчево. Имаше и литератута за возрасни но и детската литератута, како и поголем број на наслови на англиски јазик.
Трајче Китановски, Зорка Спасова, Валентина Стоименовска, Сара Стојменова, Рифат Јашаров, Атанасовски Кире и Виолета, Ален Атанасовски, Цвета Стоевска и Атанасовски Александар, денеска од ЈЛБ„Илинден“ – Делчево, добија благодарница и подарок книга.Им благодариме од срце што го збогатија книжниот фонд на библиотеката.Некои од насловите е тешко денес да се најдат, или кај нас воопшто ги нема.
Апелираме до сите граѓани, до колку имаат книги кои им зафаќаат простор, не им се потребни, да не ги фрлаат или уништуваат туку да ги донесат во библиотеката.Тука секоја книга ќе си најде свој читател.И повторно ќе потенцираме, ни една книга не заслужува да биде фрлена, изгорена, уништена.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *