Активности пои повод денот на жената 8-ми март

ЈЛБ„Илинден“-Дечево на сите припаднички на понежниот пол им испраќа порака:„Бидете горди што сте жени.Мудри, достоинствени, храбри и силни, а истовремено и нежни и внимателни.Бидете такви долги години.Среќен 8 – ми Март!


А ова осмомартовско претпладне, на сите припаднички на понежниот пол кои работат во библиотеката , им го честитаа дечињата од подрачното училиште на ООУ„Ванчо Прке“ од село Габрово. Со честитки и хартиени цветови кои сами ги изработиле , тие дојдоа во библиотеката , и со песнички, радост и насмевки го честитаа денот на жената. Седумте дечиња кои учат во Габрово заедно со нивните наставнички Билјана Велковска и Гордана Коцева, беа наши гости и го направија овој 8 – ми Март навистина убав. Благодарност и до наставничките и до дечињата за изработките, ова беше внимание кое грее душа.


Традиционално пак, ЈЛБ„Илинден“ секоја година на денот на жената избира и наградува најредовни жени читателки на различна восраст.Овој 8 – ми Март подарок книга и цвеќе добија нашите читателки Радмила Стоименовска, Сашка Велевска и Весна Георгиевска.Се надеваме дека и понатаму ќе бидат наши редовни читателки.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *