Трета награда за библиотеката на „Велигденската изложба 2024“

Третата награда на „Велигденската изложба 2024“ која и припадна на ЈЛБ„Илинден“-Делчево,библиотеката ја преотстапи,односно подари на Дневниот центар за лица со посебни потреби.Иако сме среќни што ЈЛБ„Илинден“ ја доби третата награда , сепак мислиме дека наградата ќе биде во вистински раце, доколку е кај штитениците од Дневниот центар.

И годинава „Велигденската изложба 2024“ беше интересна, креативна, шарена и убава.Прекрасна предвелигденска атносфера имаше во фоајето на Спомен Дом АСНОМ, а велигденските јајца, велигденските декорации и велигденската изложба и овој пат донесоа радост кај сите присутни.


ЈЛБ„Илинден“-Делчево, години наназад учествува на оваа „Велигденска изложба“, и во иднина ќе продолжи да биде дел од неа.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *