Oдбележан денот на македонската азбука и јазик

ЈЛБ„Илинден“-Делчево, заедно со возрасните групи од 5 до 6 години во детската градинка „Весели цветови“ го одбележа 5 мај-денот на Македонскиот јазик и Македонската азбука.Со дечињата разговаравме за македонскиот јазик и азбука, потоа гледавме една епизода од серијата „Бушава азбука“, навистина едукативна и убава серија која за жал не се репризира.
Беше интересно, креативно, весело…


Благодарност до детската градинка „Весели цветови“, директорката Билјана Симовска и воспитно-негователскиот тим,Гордана Петровска,Снежана Георгиевска и Марија Зафировска, што ни овозможија заедно со нив и во нивните простории да го одбележиме овој значаен датум.


Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем. До 10 век македонскиот јазик користел различни други писма, како што е грчкото писмо или некои сè уште недешифрирани писма, но со појавата на глаголицата се стандардизирала писменоста.


Нашиот великан Блаже Конески, чијшто заслуги за создавањето на македонската азбука и кодификацијата на македонскиот јазик се огромни, во една пригода рекол дека ,,Јазикот е нашата најкомплетна татковина”.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *