Oдбележан светскиот ден на поезијата

Светскиот ден на поезијата е покана да се размислува за моќта на јазикот и целосен развој на креативните способности на секој човек.


21 Март е светск ден на поезијата и овој ден значи поддршка на поезијата, враќање на усната традиција на поетски рецитали, промоција на едукацијата за поезијата, обновување на дијалогот меѓу поезијата и другите уметности (театарот, танцот, музиката, сликарството).


Оваа година ЈЛБ„Илинден“-Делчево, светскиот ден на поезијата го одбележува заедно со ООУ„Ванчо Прке“.Во училиштето, учениците читаа поезија од наши роднокрајни автори.Библиотеката од збирките поезија кое се наоѓаат во роднокрајното одделение, избра 9 песни од наши роднокрајни автори и тоа:Христина Деолска, Билјана Поповска, Билјана Начовски, Перса Стојчевска Стојановска,Николинка Митрева, Маја Цврдачка, Сабри Демиров, Стеван Спасовски, Киро Филиповски.Со тоа сакаме да покажеме дека поезијата не е застарена форма на уметност а нејзината убавина треба и мора да ја негуваме и чуваме.


Ова беше уште еден убав настан, благодарност до ООУ„Ванчо Прке“ ,до сите ученици кои прекрасно рецитираа.Се надеваме дека и понатаму ќе имеме добра соработка.

Инаку Одлуката 21 март да се прославува како Светски ден на поезијата беше усвоена во Париз во 1999 година, на 30. сесија на УНЕСКО. Оттогаш денот на поезијата се празнува со книжевни собири низ цел свет и поетите од сите континенти праќаат пораки во чест на стиховното творештво.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *