За убаво лето-сликовница од ЈЛБ„Илинден“- Делчево

Жешките летни денови најубаво и најбрзо поминуваат со добра книга или добра сликовница.Ако се препорачува, кога надвор е најтопло да не се изложуваме на сонце и да седиме дома, тогаш тоа време поминато дома на вашите деца, нека биде интересно и бајковите.
Изборот на сликовници во ЈЛБ„Илинден“ е голем, а на нашата книжна писта продефилираа прекрасни дечиња, кои порачуваат кои сликовници треба да се прочитаа ова лето.Со сликовница во раце денес во читалната на библиотеката прошетаа: Миа, Дамјан, Клара, ,Дариа, Бојан, Матеа, ,Катја и Олек. Тие на сите деца им ги препорачуваат следните сликовници: „Коалата што не можеше да заспие“, „Златни приказни за животните“, „Приказни од Ханс К.Андерсен“, „Македонски народни приказни“, „Кратки приказни за животнине од Африка“,„Зајчето слушаше“,„Те молам гушни ме“, „Тино од мојот влез“,„Авантурите на Виктор во шума“ ,„Математиката на Маша“ ,„Како да се однесуваме во парк“ и „Колата што не можеше да заспие“.

Од име на ЈЛБ„Илинден“ голема благодарност до сите дечиња кои денес прошетаа на нашата книжна писта.Беа прекрасни!
Летово 2024 ни ветува многу! Особено со избрани наслови. А летото секогаш ни носи посебна и нескротлива читачка енергија.
Се потрудивме за секого од вас да подготвиме по неколку причини за незаборавно читачко лето. Ѕирнете во насловите на сликовници, што ги има ЈЛБ„Илинден“-Делчево и оставете ја возбудата кај вашите намали да расте. Таа во лето има посебен вкус – на добра освежувачка литература!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *