Одржана работилница со првооделенчињата на тема „Зошто треба да читамe лeктири“

Првооделенчињата од септември , со новата учебна година, за прв пат ќе се сретнат со лектирите.Според програмата на Министерството за образование и наука , за второ одделение се предвидени 2+1 лектира и тоа задолжителни се: „Зоки Поки“ и „Грдото пајче“, а изборни се:„Сказни од браќата Грим“, „Касни порасни“ , „Песни“ од Васил Куновски и „Брзалки без врзалки“.
Денес наши гости беа првооделенчињата од ООУ„Св.Климент Охридски“.Во читалната на библиотеката тие имаа можност да ги разгледаат сите лектири кои би требало да ги прочитаат оваа лето.Ги информиравме дека ЈЛБ„Илинден“ ги има сите лектири , па и оние кои се за второ одделение, и дека во текот на летниот распуст, можат да дојдат во библиотеката и да ги изнајмат.
Потоа сите заедно, пред влезот на библиотеката разговаравме за тоа зошто треба да се читаат лектирите и сите одговори на дечињата ги запишавме на таблата.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *