Трета Работилница „Лето убаво“

Во неколку дисциплини, користејки вода, топка,вреќа, скала, хулахоп и други реквизити,дечиња, денеска се натпреваруваа во рамки на третата работилница „Лето убаво“ во организација на ЈЛБ„Илинден“-Делчево.
Во паркот пред библиотеката беше навистина убаво, весело, разиграно и гласно.Сите дечиња беа радосни, полни натпреварувачки дух, борбени и среќни.Иако работилницата беше со наптреварувачки карактер и сите учесници беа поделени во два тима „Тимот на лектирите“ и „Тимот на сликовниците“, победници се сите. Сепак со повеќе бодови беше „Тимот на сликовниците.


Родителите беа тука, пред библиотеката ги набљудуваа и навиваа за децата.


Убаво, забавно,безгрижно!

Благодарност до сите кои беа во паркот пред библиотеката.ЈЛБ„Илинден“ упатува благодарност и до ФК Брегалница-млади категории кои ни позајмија неколку спортски реквизити а ги користевме во неколку дисциплини.
Со оваа трета летна работилница го заокруживме овој проект насловен „Лето убаво“.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *