Работилница „Илинден 1903“

Во пресрет на најголемиот македонски национален и православен празник, Илинден, кој има посебно значење за историјата на македонскиот народ, заради тоа што на тој ден започнало Илинденското востание 1903 и Илинден 1944 кога се удрени темелите на македонската држава,  ЈЛБ„Илинден“-Делчево со свои активности по повод тој значаен датум.

Седумнаесет дечиња денеска во читалната на библиотеката работеа на врамување на слики со мотиви од Илинденското востание.Сеуште се мали за да на вистински начин го разберат Илинден и неговото значење, но историјата почнува да се сака и учи од мали нози.

Сите слики на кои децата им направија рамки, асоцираат и го покажуваат Илинденското востание. Врамувањето на сликите беше по желба и со креативноста на самите дечиња.

Сите слики се изложени пред влезот на библиотеката.

Со оваа активност ЈЛБ„Илинден“-Делчево, одбележува 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ.

За многу години Илинден!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *