По повод националниот ден на љубителите на книгата,ЈЛБ„Илинден“-Делчево, ја реализираше активноста насловена„Донеси прочитана,земи непрочитана сликовница“.
Во читалната на библиотеката беше навистина весело, разиграно и интересно.
Дечињата донесоа свои прочитани сликовници а од библиотеката, дома однесоа не прочитана сликовница.„Малиот принц“,„Црвенкапа“,„Пинокио“,„Хајди“,„Трите прасиња и уште многу други наслови на познати и интересни сликовници беа донесени и однесени.
Сите дечиња имаа можност и време во члиталната да се дружат, да си играат , да избојат цртежи и да разгледуваат сликовници кои се за издавање.
Покрај се друго што е дејност и работа на самата библиотека, наше е и да ги мотивираме децата да ги сакаат сликовниците, да сакаат да читаат и да имаат навика да доаѓаат во библиотеката.