ЈЛБ”Илинден”-Делчево промовираше уште едно дело од наш роднокраен автор Душко Ивановски,”Патот до вистината”.
Чест ни е што роднокрајнито одделение на библиотеката е побогато за уште еден наслов.”Патот до вистината”е достапна до сите наши читатели.На промоцијата покрај авторот,зборуваше и рецезентот Ленче Стоименова,делови од книгата читаа Маријана Стоименовска-професир по македонски јазик,Михаела Наковска и Лазар Велков-средношлолци.
Како и првиот и овој роман на авторот е психолошки.Авторот и овој пат ни нуди приказна блиска до нас, блиска до нашето срце која ни ги разбудува сите наши сетила и не води низ развојот на настаните, нудејки ни не заборавно доживување и инспирација за себеоткривањето.
Еден од рецезентите, книгата ја опишува како длабоко смислена и демонстрирана психолошка приказна, која му дава на читателот прилика да размисли за се околу себе, вклучувајки го и својот живот.
ЈЛБ”Илинден” на авторот му посакува многу успех,позитивни критики,нови напишани страници кои ќе ги воодушевуваат читателите.