Секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата под мотото Детска недела. Но, не само оваа недела. Секој ден и секоја недела во годината треба да се водиме од принципите за заштита на правата и интересите на децата, како што е предвидено и со Законот за заштита на децата, Конвенцијата за правата на детето на Обединетите Нации, како и целокупната домашна и меѓународна регулатива која се однесува на правата на децата.
Годинава ЈЛБ„Илинден“, Недела на детето ја одбележува под мотото„Бори се за детските права“, заедно со второодделенците од ООУ„Св.Климент Охридски“.
Дечињата денес беа наши гости, зборувавме за детските права, им прочитавме 15 детски права, трудејќи се да им објасниме што значат тие за нив.
Децата цртаа и боеја на тема дете, и сите нивни цртежи ги изложивме на влезот од библиотеката.
Благодарност до ООУ„Св.Климент Охридски“ и наставничките Александра Димитровска, Мимица Синадинова и Ели Глинџарски, за поддршката и соработката околку одбележувањето на Неделата на детето.
Децата мора да бидат наш најважен приоритет.Тие тоа го очекуваат од нас.Тие тоа го заслужуваат.Да им овозможиме ДЕТЕТО ДА БИДЕ ДЕТЕ.