Нова услуга во ЈЛБ„Илинден“-Делчево

ЈЛБ„Илинден“-Делчево, ги информира сите граѓани, кои сакаат да бидат наши членови и сакаат да читаат, а од било кои оправдани причини (стари лица,болни лица, особено со проблеми со движењето) не можат да дојдат до библиотеката, од 30.09.2024 година, бараната книга ќе им биде однесена дома. Истовремено прочитаната книга ќе биде земена од нив и раздолжена во библиотеката.


Потребно е овие лица да ја контактираат библиотеката,да кажат кој наслов го сакаат, кој ден и во колку часот ќе бидат дома , и книгата ќе им биде доставена.Се разбира мора да бидат наши членови и доставувањето на книгата да биде во работни денови од понеделник до петок и во работно време на библиотеката од 7,30 до 18 часот.

ЈЛБ„Илинден“ мора и треба на сите граѓани кои сакаат да читаат и го сакаат убавиот пишан збор, да им овозможи да дојдат до саканиот наслов.Од тие причини и го воведуваме овој новитет во секојдневното работење на библиотеката.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *