Во 1966 година по повод одбележувањето на педесетгодишнината на св.Климент Охридски, еден од петмината најблиски ученици и соработници на словенските просветители Кирил и Методиј, како и многуте прослави од појавата на словенското писмо и писменост, дало повод за појава на Зборник од репродукции на најзначајните примери на старото јужнословенско писмо.Така од печат излегува Палеографски албум на јужнословенското Кирилично писмо од проф.Д-р Владимир Мошин.
Оваа старо но исклучително вредно дело, ЈЛБ„Илинден“ го има во неколку примероци.Во Палеографскиот албум има голем број на слики со документи и натписи со јужнословенско Кирилично писмо, од 1230 до 1242 година, од XII и X век, од 1277 и 1305 година, Евангелија, писма од Хилендарскиот манастир, Грамоти, Одломнки од октоих, од многу манастири и од библиотеката на Ленин.Вкупно 60 снимки на најпроучените споменици што во Словенската палеографија се земаат како класични, најтипични примери на одделени типови писма.
ЈЛБ„Илинден“-Делчево, по повод одбележувањето на 24 Мај, денот на сесловенските просветители и учители, денот на светите солунски браќа Кирил и Методиј,одлучи да ископира дел од старниците на Палеографскиот албум најужнословенското Кирилично писмо и да ги изложи во читалната на библиотеката.Meѓу изложените ќе ги видите: Зборник на житија и слова од втората четвртина на XIVвек, Книга на царствата,1418 година,пишувани за деспотот СтефанЛазаревиќ,библиотека Горски во Одеса, Одлом од Хилендарскиот зборник на слова,1344 година, Зборник на житија и слова од втората четвртина на XIVвек, Трновски натпис на цар Јован Асен II,1230 година и др.
Изложени се вкупно 20 копии и под секоја кратко објаснување , што претставуваат и од кога датираат.
Оваа изложба ја посетија учениците од повисоките одделенија при двете основни училишта во градот, заедно со нивните наставници по македонски јазик.
Ги покануваме сите наши сограѓани да дојдат и да ја разгледаат.
Честит 24 Мај -Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј!
Денес со гордост и благодарност им оддаваме почит на светите Кирил и Методиј-апостолите на словенската писменост,светлината на словото и културата.Тие не ни оставија само букви, туку патокази кон знаењето, достоинството и иднината.
Нивното дело е темел на нашата духовна и културна традиција,а нивната мисија е вечен потсетник дека со знаење и јазик се гради идентитет.