Зошто е важно децата да знаат за земјоделските машини и земјоделските алатки?
-Развој на почит кон трудот
Запознавањето со земјоделските машини и алатки им помага на децата да ја разберат напорната работа што стои зад земјоделското производство, а со тоа и да го вреднуваат земјоделието, како нешто важно, потребно и вредно.
-Разбирање на потеклото на храната
Кога децата учат за земјоделските машини и алатки , сфаќаат како се произведува храната,што да јадат, а тоа ги поттикнува да ја ценат повеќе.
-Поттикнување на интерес за науката и технологијата
Многу земјоделски машини се базирани на современа технологија.Преку нив децата можат да развијат интерес за инжинерството, механика и технички науки.
-Одржливост и грижа за природата
Преку запознавање со земјоделските машини и алатки, децата учат за важноста на природата, еколошките практики и одржливо живеење.
Земјоделството е еден од најважните сектори во нашето општество.Знаењето за него придонесува за подобро разбирање на животот и природите процеси, што е клучно за создавање свесни и одговорни граѓани.
Од тие причини и оваа година, ЈЛБ„Илинден“-Делчево, организираше работилница на тема„Земјоделски машини и земјоделски алатки“. Во работилницата годинава учествуваа првооделенците од ООУ„Ванчо Прке“ заедно со нивните наставнички Соња, Цветанка и Андријана.
Зборувавме за тракторот, косачката,комбањот, балирачката,срп, копач, мотика и други земјоделски машини и алатки, зошто служат и како се користат?Што е разликата помеѓу машина и алатка? Колку од децата имаат дома земјоделски машини и алатки?
Со слики, разговор и креативни игрички, беше убаво, интересно и поучно.
Децата секогаш имаат што да кажат и да прашаат, а од нивните интересни и брзи одговори можеш и да се насмееш, а и да научиш по нешто.
ЈЛБ„Илинден“-Делчево, запишува уште една убава, креативна и успешна работилница.