ЈЛБ„Илинден“-Делчево, реализираше една интересна работилница на тема„Ретро технологијата-запопзнај ги уредите на минатото“.
Дечињата кои беа дел од оваа работилница имаа можност да се запознаат со стари телефони, стари машини за пишување,касетофон, касети, плочи, траки, телефакс.
Секое дете имаше можност во телефонски именик да го најдат името на својот дедо или роднина и на телефон да го завртат бројот. Се премотуваа касети со пенкало. Децата се запознаа со тоа дека она што денес е меил, некогаш се праќаше по телефакс, па имаа можност да видат како изгледа овој уред. Сето тоа непознато, а интересно за децата.
И додека тие се забавуваа и истражуваа како работеле некогаш овие уреди, возрасните кои ја реализираа работилницата се присетуваа на звуци од детството.
Во светот каде што новата технологија постојано напредува, ретко кој застанува да се потсети на уредите кои ја обликуваа нашата сегашност.
Ретро технологијата е прозорец кон минатото-време кога луѓето со восхит ги користеа телефонот со бројчаник, бараа телефонски број во именик,пишуваа на машина за пишување со трака, а музика се слушаше преку грамнофон или касетофон.
Запознавајќи ја ретро технологијата,учиме да ја цениме удобноста што денес ја имаме, но и да се восхитуваме на креативноста и упорноста на луѓето од минатото.
Овие стари уреди не се само железо ни пластика, туку сеќавање, приказни и инспирација за идни генерации.