ЈЛБ„Илинден“-Делчево, во холот на библиотекта постави изложба „Делчево низ времето“, посветено на нашето Царево село-онакво какво што ретко сме го виделе на фотографија.
Изложени се осум стари и досега невидени, необјавени фотографии, кои сведочат за животот, луѓето, улиците, објектите од минатото, стари повеќе од еден век.
Особено е важно да кажеме дека посебно внимание посветуваме на извадоци од весници од далечната 1921 година во кои се спомнува Царево село и стории за него ,исто така стари повеќе од еден век.
Преку оваа изложба сакаме да го оживееме споменот за нашето Делчево.
Ги покануваме сите наши читатели и граѓани да ја посетат оваа изложба и да ги разгледаат фотографиите кои досега не се видени, со краток опис за нив, кога се направени и на кое место.
ЈЛБ„Илинден“- Делчево упатува огромна благодарност до Мартин Димоски кои ни ги донесе овие фотографии и извадоици од весник, кои остануваа во библиотеката на трајно користење.