Заврши конкурсот на тема„Најстара издадена книга“ во организација на ЈЛБ„Илинден“-Делчево.
Благодарност до сите учесници вкупно 24, кои со голема љубов и посветеност, со фотографија ни ги претсравија своите вредни и ретки изданија.Секое сликано дело е доказ за трајната вредност на книгата и нејзината улога во чувањето на културното наследство.
Денес гости во библиотеката беа учесниците на конкурсот кои ги освоија првото, второто и третото место за најстара издадена книга.
Првото место им припадна на Ана и Даме Ивановски, чија книга потекнува околу 18 век.Пишувана е на црковно-словенски јазик со руска варијанта.Книгата е со кожен повез, можеби и рачно изработена, со метални елементи за заштита или затрорање.Книгата е со огромно историско значење.Има и уметничко-естетска вредност.Изработена од квалитетна хартија, кожа и калиграфија, што и дава дополнителна уметничка убавина.Книгата има голема колекционерска и материјална вредност.
Второ место за Анита Петровска за книгата„ Малешево и Малешевци“ од Јеремија М. Павловиќ
Книгата датира од 1928 г.и е со тврд повез со платнена корица и засилен грб со кожа.Ваков вид на повез се користел најмногу во XIX век .На средината на корицата има втиснат украсен орнамент.Хартијата е со мнгу целулоза, жолтеникава и кревка, што се употребувала во периодот од 1900 до 1940 година. И Соновник кој датира околу 1843година.Соновникот користи три извори и тоа: Соновникот на Марија Ленорман (1772-1843),стари соновници, египедски,вавилонски и индиски мудреци.
Третото место и припадна на Сања Николовска за книга издадена во 1930 година.Книгата има украсни рамки со зелени орнаменти околу текстот.Ова дело спаѓа во една од постарите преведени едиции на Хајнрих Хајне,германски поет и есеист,чии книги биле многу ценети во културните кругови на Југославија во тоа време.
Овие книги се сведоштва за времето во кое се создадени.Имаат и образовно значење бидејќи преку нив се добива автентичен увид во начинот на мислењето и изразувањето на луѓето во периодот кога е издадена книгата.Овие книги ги поврзуваат сегашноста и минатото и потсетуваат на трајната вредност на знаењето.
На Конкурсот„Најстара издадена книга“ во организација на ЈЛБ„Илинден“-Делчево, учестуваа и: Александар Ситновски со книга издадена во 1978 г., Бети Јовановска со книга издадена 1952 г, Биљана Петровска со книга издадена 1949 година, Валентина Даневска со книга издадена 1970 г., Бојан Петровски со книга издадена 1965 г., Верка Арсова со книга издадена 1946 г., Гоца Анакиев со книга издадена 1967 г., Даниела Георгиевска со книга издадена 1947 г., Даниела Такева со книга издадена 1965 г., Даринка Михаиловска со книга издадена 1962 г., Јана Цинцовска со книга издадена 1976г.,Катерина Марковска со книга издадена 1946 г., Лидија Дамјанова со книга издадена 1967 г., Маја Димитровска со книга издадена 1967 г., Милена Глинџарска со книга издадена 1970 г., Моника Анакиевска, книга издадена 1954 г.,Невенка Стоименовска, книга издадена во 1962 г., Светлана Стоименовска, книга издадена 1966 г. , Ана Попова со книга издадена 1966 г. ,Александар Кутлесовски со книга издадена 1968 г. и Ана Стојчевска со книга издадена 1956г.
Благодарност до сите учесници што ја споделија со сите нас својата „библиотечна реликвија“.Секое издание има своја приказна и заедно докажавме дека книгата е вечна!
Заедно да ја негуваме љубовта кон книгата и да ја чуваме традицијата жива.