Наградени читателите на лето 2025

Ова лето, нашите најмали членови од ЈЛБ„Илинден“-Делчево, изнајмија многу сликовници и лектири и со тоа ја докажаа својата љубов кон книгата уште од најрана возраст.

Денеска со радост им ја доделивме награда за најмали и најверни читатели на лето 2025 година.

Епитетот најмал и најредовен читател ова лето го понесоа:

-Ема Стоименовска

-Натали Захариева

-Давид и Јана Јовановски

Нека оваа приказна биде поттик и за сите други деца да ја откријат магијата на читањето.

Денес во ЈЛБ„Илинден“-Делчево,беа избрани и читатели (возрасни) на летото 2025 година.

Оваа признание се доделува на читатели кои својата љубов кон книгата,редовноста и активното користење на библиотечните услуги,придонесоа за афирмирање на читањето и библиотеката како културна институција.

За читател на лето 2025 година, библиотеката ги избра:

-Верка Тодоровска

-Стојанка Тодоровска

-Весна Михајловска Симеонова

Со оваа награда ја истакнуваме важноста на читањето како дел од секојдневието и поттикнуваме уште повеќе љубители на книгата да ја пронајдат својата инспирација на полиците на библиотеката.

Честитки до сите!

Инаку,ЈЛБ”Илинден”-Делчево,традиционално,години наназад,на крајот на месец Август,избира читател на летото.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *