Во читалната на ЈЛБ„Илинден“-Делчево, се одржа онлајн предавање на тема„Манастирските библиотеки“, во соработка со НУ „Григор Прличев“-Охрид.
Онлајн предавањето го одржа докторанд Елена Станкоска, виш библиотекар во НУ„Григор Прличев“- Охрид.
Предавањето го слушаа учениците од шесто одделение од двете основни училишта во градот, со нивниот наставник Никола Мајсторски, наставник по Етика во религиите.
Учениците имаа ваква тема за обработа како наставна единица и денес имаа можност преку истражувањето на докторанд Елена Станкоска, виш библиотекар, да се запознаат со богатото културно и духовно наследство што го чуваат манастирските библиотеки и нивната улога во зачувувањето на писменоста и традицијата, и манастирските библиотеки во дигиталниот свет.
Благодарност до двете основни училишта во градот и наставникот Никола Мајсторски, за соработката и секако голема благодарност до библиотеката во Охрид и библиотекар Елена Станкоска, што ни овозможија да го реализираме оваа предавање.Се надеваме дека соработката ќе продолжи и во иднина.
Инаку манастирските библиотеки се меѓу најстарите и највредните чувари на духовното и културното наследство.Тие се наоѓаат во рамки на манастирите и претставувале центри на посменост,образование и книжевност уште од средниот век.
Која е образовната улога на манастирските библиотеки? Манастирите често биле единствените места каде се изучувало читање, пишување и богословие.Кај нас, манастирот „Св.Наум“ и „Св.Јован Бигорски“ имаа библиотеки кои чувале дела од огромно значење за македонската и словенската култура.Многу од тие ракописи се пренесени во национални библиотеки или музеи, заради заштита, но манастирите и понатаму остануваат симбол на духовност,знаење и културна меморија.











