И годинава пред да се гласа на вистинските избори-прво гласаа книгите.
Традиционално, ЈЛБ„Илинден“-Делчево ги одржа своите Книжевни избори 2025, на кои читателите, учениците, љубителите на пишаниот збор избираа омилен жарн.
Оваа година Книжевните избори 2025, библиотеката ги реализираше заедно со учениците од VI-3 одделение и наставник по Македонски јазик Валентина Даневска, библиотекар во ООУ„Св.Климент Охридски“.
Избирачкото место „ЈЛБ Илинден“, беше отворено навреме во 12 часот и 45 минути и се до затварањето во 13 часот и 15 минути, гласањето течеше мирно во пријатна, весела и креативна атмосфера.Сите кои гласаа го дадоа својот глас – некој за романтика, некој за трилер а некој за лектира или сликовница.
Најважно беше дружењето, насмевките и љубовта кон книгата што сите не обединува.
Учениците имаа можност и да видат како изгледа едно избирачко место, што е избирачки одбор, како се бројат гласовите, односно што значат избори.
На Книжевните избори 2025,на наше барање, гласаа и кандидатите за градоначалници на престојните Локални избори 2025,Иван Гоцевски и Дејан Глинџарски.
Им благодариме што ги испочитуваа и нашите Книжевни избори 2025.
На овие Книжевни избори 2025, победи Трилерот со 12 гласа.Романсата доби7, лектирата 5 гласа, а скиковницата 11 гласа.