Со награден конкурс заокружен месецот на книгата

Во читалната на библиотеката, доделени наградите од литературниот Конкурс „Со зборови го градиме светот“, со кој симболично беше заокружен месецот на книгата,месец Октомври.

На конкурсот учествуваа ученици од двете основни училишта во градот, со свои творби,кои преку зборот ја изразија љубовта кон книгата, читањето и пишувањето.

Комисијата за избор го одлучи следното:

Во проза

-Прво место освои Сара Димитровска,ООУ„Ванчо Прке , ментор Билјана Стоиловска

-Второто место е за Сандра Николовска,ООУ„Ванчо Прке“, ментор Василка Ивановска

-Третото место го освоија Теодора Митевска, ООУ„Ванчо Прке“, ментор Маријана Стоименовска и Максим Стефановски,ООУ„Св.Климент Охридски“, ментор Весна Иванова

Во поезија

-Прво место за Бојана Мирчевска,ООУ„Ванчо Прке“, ментор Билјана Стоиловска

-Второ место освои Максим Стефановски, ООУ„Св.Климент Охридски“, ментор Весна Иванова

-Третото место е за Ева Калаџиска,ООУ„Ванчо Прке“, ментор Билјана Стоиловска и Ангела Мавродиева,ООУ„Св.Климент Охридски“, ментор Валентина Даневска.

Честитки до сите!

Благодарност до двете училишта и наставниците по македонски јазик и двете училишни библиотеки, се надеваме соработката и понатаму ќе продолжи.

Настанот помина во пријатна и инспиритивна атмосфера исполнета со љубов кон пишаниот збор.

Октомври- месецот на книгата е време кога се потсетуваме дека секоја прочитана страница е чекор поблиски до мудроста.Книгата не е само хартија, таа е пријател,учител и утеха.Во свет со екрани, книгата останува најубавиот прозорец кон светот.Читај,сонувај,создавај!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *