ЈЛБ„Илинден“-Делчево, запиша уште една работилница во Извештајот на реализирани активности за 2025 година. И овој пат во соработка со НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“.
Нешто ново, интересно, нешто што до сега библиотеката го нема реализирано.
Учениците од VI-3 одделение од ООУ„Св.Климент Охридски“ со настаничката Валентина Даневска, пред учениците од V одделение од истото училиште со настаничките Јулија Крстевска, Васка Филиповска и Даниела Петровска, презентираа нагледни материјали од значајни културни и природни локалитети во Делчево.
Кирчо Атанасовски од НУЦК, на дечињата им го објасни поимот новинарска фотографија, техничките карактеристики за еден фотоапарат и неговите функционалности.На крај имавме и показна вежба со секое дете, за фотографирање на сцени со мотиви кои ја отсликуваат есента.
Благодарност и до наставниците и до учениците, беше забавно, многи инспиративно и креативно.
Во златната тишина на есента, преку нашата работилница, се потсетивме на своите знаменитости и локалитети,како жива галерија, а секој клик на фотоапаратот од страна на децата,беше обид да се зачува дел од нејзината душата што шепоти низ боите и светлината.








