Одржан натпреварот по изразно читање

Во соработка со основните училишта во градот,ЈЛБ„Илинден“-Делчево го одржа натпреварот по изразно читање, на кој 16 ученици имаа можност да ја покажат својата љубов кон книгата и уметноста на зборот.Учествуваше по еден ученик од одделение, по избор на наставникот.Се натпреваруваа ученици од V, VI,VII и VIII одделение.

Пред Изборна Комисија ,младите читатели,читаа извадок од прекрасната лектира „Волшебното санарче“, приказната што со генерации ги инспирира најмладите.

Им честитаме на сите учесници во натпреварот за нивната храброст, труд и интерпретација!

На натпреварот Првото место го освои Елена Стојчевска

Второто место е за Јана Гоцевска

И трето место освои Теодора Митевска

Со вакви активности ја негуваме љубовта кон книгата,читанката и убавиот збор-затоа што секое дете носи во себе мала искра што може да стане голем оган на знаење.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *