Oдбележан светскиот ден на лицата со попреченост

 Се потсетуваме на една важна вистина: секој човек носи своја светлина, свој талент, своја приказна.

Нашата библиотека верува дека различноста не не дели-таа не збогатува.

По повод  3-ти декември,светскиот ден на лицата со посебни потреби, а во рамки на деновите на хуманоста,упатуваме почит, поддршка и благодарност до сите деца и возрасни со попреченост,до нивните семејства, наставници и поддржувачи кои секојдневно создаваат свет исполнет со разбирање и љубов.

ЈЛБ„Илинден“-Делчево останува место каде секој е добредојден, каде вратите се отворени за сите и каде книгите не учат дека најголемата сила  е во човечноста.

Денес во нашата библиотека, гостин беше Стефанија Трајановска која има 20 години и е корисник на Центарот за лица со посебни потреби Бравура Кооператива- Делчево, која им помогна на нашите библиотекари во работата и беше библиотекар.На нашите читатели таа им одрба и изнајми книги. Со тоа сакаме да покажеме дека различноста е убава, дека лицата со попреченост можат да се вклучуваат во работниот процес на институциите и дека и покрај различноста, сите сме исти.

Благодарност до  Стефанија која денес беше со нас и ни го направи денот поубав.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *