Во духот на празниците, ЈЛБ„Илинден“-Делчево организираше креативна Бадникова работилница за деца, на која малите девојчиња учеснички , изработуваа бадникови венци, исполнети со љубов, топлина и празнична радост.
Изработените Бадникови венци беа подарени, како симбол на споделување, добрина и грижа за другите – вредности кои ги негуваме и пренесуваме од најрана возраст.
Благодарност до сите што беа дел од оваа работилница, заедно создадовме убави спомени, насмевки и празнична магија.











